„Бехтел и Енка“ може да гради: Собранието го усвои пакетот закони за коридорите 8 и 10

Од:

Собранието го усвои пакетот закони поднесени со европско знаменце, а кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10 Д.

Предлог законот за изменување и дополнување на законот за работни односи со 62 гласа беше изгласан од мнозинството, а со исто толку гласови помина и Законот за експропријација со 62 гласа „за“ кој беше донесен исто така за потребите на изведувачот „Бехтел и Енка“.

Во пакет со овие закони се донесе и предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење со 63 гласа „за“. Предлогот за изменување на законот за урбанистичко планирање беше донесен со 62 гласа “за“.

Помина и Предлогот за номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 Д.

Употребата на европското знаменце за овие предлог-измени изминатиот период беше во фокусот на јавната дебата и на партиските препукувања.

Власта реши да го користи овој инструмент за да одбегне блокада, но на употребата на европското знаменце реагираа и од Делегацијата на Европската Унија во земјава со образложение дека предлог-измените не се во насока на усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги