„Бехтел и Енка“ ќе минира близу ретки минерали на ураниум: Геолозите бараат заштита на природното наследство

Од:

Во Прилеп се врши подготовка за масивни минирања во близина на селото Алинци во кое се наоѓа познато наоѓалиште за минерали „Црн Камен“ за потребите на „Бехтел и Енка“ кој ќе го гради автопатот Прилеп-Битола, предупреди од Комитетот за заштита на природното и културно наследство и апелира да се спречи уништувањето на реткиот феномен.

„Веќе е направено едно минирање, а во моментов поголем број тешки машини и друга технологија се ангажирани и се изведуваат ископи дури и преку ноќ. Ако не се реагира итно, ова познато наоѓалиште на минерали ќе биде уништено“, апелира геологот м-р Васја Дамески.

Наоѓалиштето „Црн Камен“ во Алинци се протега на површина од 2 км2 помеѓу селата Алинци и Шелеверци на околу 10 километри јужно од Прилеп. Поврзано е со алкален сиениет кој содржи крупни кристали на микролин, албит, арфедсонит, титанит, аугит, циркон и апатит.
Специфичност на ова наоѓалиште се и ретките минерални парагенези што вклучуваат минерали на ураниум, а тука е пронајден и еден од најголемите кристали на титанит од неколку килограми. Тука е откриен нов минерал кој го носи името на нашата земја „Македонит“, објаснуваат во апелот од Комитетот.

„Наоѓалиштето Црн Камен е геолошки музеј под отворено него. Тоа е многу значајно, не само од геолошки, туку и од економски аспект бидејќи содржи уникатни и високо вреднувани минерали, наоѓалиштето е добро познато во научните кругови и често посетувано од геолози од земјава и странство.

Би можело да ве интересира

Европа ја гради иднината со минерали, Македонија ја кочи еко-популизамот

Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

Трамп размислува за нови царини

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

Увид на експресниот пат кај Крива Паланка по две сообраќајни несреќи

А1он