А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

БЕГ: Потрошувачите, куќните совети и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

by А1он27/09/2018 - 17:09272
Share0

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по први октомври, доколку временските услови тоа го наложуваат. Сите подготовки на системот за централно греење се направени и истиот е целосно подготвен за новата грејна сезона 2018/2019 година, соопштија од Балкан Енерџи Груп.

Следете a1on на Instagram Instagram

„За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките и интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Исто така, Заедниците на сопственици на станови или управителите, за службените лица на компанијата треба да овозможат непречен пристап до топлинските станици во зградите и да обезбедат постојано напојување со електрична енергија, неопходна за нивно редовно фунционирање – платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација“ се вели во соопштението на БЕГ.

Ти наведуваат дека доколку сите овие предуслови се исполнети, ќе може непречено да биде доставена топлинската енергија до сите потрошувачи.

„Снабдување со топлина Балкан Енерџи за ова со писма навремено ги информираше сите потрошувачи и Заедници на сопственици на станови, односно фирмите кои управуваат со станбените единици. Сепак, и покрај ова, во моментов во околу 190 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен им е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Снабдување со топлина Балкан Енерџи ги повикува потрошувачите, Заедниците на станари и Управителите да ги обезбедат условите во своја надлежност неопходни за старт на грејната сезона. Само доколку се исполнети сите предуслови, топлинската енергија ќе може непречено да биде доставувана до сите потрошувачи.
Сакаме да истакнеме дека годинава, бројот на објекти чии инсталации не се комплетно во функција е намален во однос на минатата година. Затоа, Снабдување со топлина Балкан Енерџи им благодари на потрошувачите за соработката, истакнувајќи дека тоа придонесува за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија“ се вели во соопштението на БЕГ.

Следете a1on на Youtube YouTube

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/

BEGparnoskopje

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:13

Поскапува и парното

Катерина Ѓуровски27/07/2026 - 13:59

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео