Академикот Абдулменаф Беџети за Алсат, објаснува дека намалувањето на наталитетот претставува вознемирувачки елемент во Република Македонија, и повикувајќи се на истражување од Универзитетот Сорбона во Франција, вели дека во 2020 година, албанското население ќе се израмни со македонското, а во 2025 година Албанците ќе бидат побројни од Македонците.
„Овој феномен го третираат повеќе во социоекономските анализи и тоа е феномен кој беше очекуван и проектиран уште пред 15 години. Ќе се повикам на една студија што ја направи еден научник со македонски бек-граунд од Универзитетот Сорбона во Франција уште во 1998 година, доктор Иван Савев. Тој предвидува и прави проекции и прогнози за следните 20 и 25 години, значи 2020-2025, за тоа како ќе се развиваат демографските односи во самата Македонија, природниот раст на населението и така натаму. И тој таму доаѓа до еден заклучок, во едно таканаречено `песимистичко сценарио за нив и оптимистичко за нас` стои дека 2020 година, албанското население речиси ќе се израмни со македонското, додека во 2025 година, всушност албанското население ќе го надмине македонското, се разбира во релативниот сооднос”, вели Беџети за Алсат.