Бдеење и литургија за Успение на пресвета Богородица во манастирот на Матка

Од:

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржи богослужба и полноќно бдеење.

На денот на празникот, утре, од 8:30 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

По повод празникот СВР Скопје денеска и утре ќе воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.

Сообраќајниот режим денеска ќе биде од 16:00 до 20:00 часот на локалниот пат село Сарај – ХЕЦ „Матка“ кон манастирскиот комплекс.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски