„Базфид“: Македонија, можна тема на средбата Трамп-Путин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со неговиот американски колега Доналд Трамп во Хелсинки би можел да покрене прашање за потенцијалната идна членка на НАТО, Северна Македонија, објави Базфид.

Според весникот, за Путин, секое проширување на НАТО е провокација и Кремљ веќе предупреди дека Македонија била „сосила вшмукана во НАТО“.

– Од една страна, Путин би можел да изнесе идеја дека приемот на Северна Македонија би можел да наштети на американско-руските односи. Од друга пак, земјата и не е толку важно прашање за Кремљ.

Во врска со ова, изданието ја цитира Марија Снеговаја од Центарот за европски политики од Вашингтон.

-Всушност, некои про-кремљевски извори сугерираат дека тоа би можело да значи дека групата (земји) кои ја подржуваат Русија во НАТО ќе се зголеми. Затоа Кремљ нема да го смета (зачленувањето на Македонија) како сериозна закана, вели Снеговаја.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, „Базфид“ денес објави интервју со премиерот Зоран Заев во кое тој открива дека проруски бизнисмени се обидувале да ја спречат земјата да влезе во НАТО така што плаќале за организација на насилни протести во Македонија..

Останати прашања кои би можело да бидат поставени на руско-американска средба на врвот во Хелсинки се санкциите против Русија и статусот на полуостровот Крим, за што се очекува реафирмација од страна на Трамп дека тоа е украинска територија заземена од Русија. Потоа конфликтот во Сирија, вмешаноста на руски безбедносни служби во изборите во САД во 2016, енергетските проекти со Европа и нуклеарното разоружување.

Би можело да ве интересира

Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Песков: Сè уште чекаме на преговори со Киев

Кина: Не сакаме Русија да ја изгуби војната во Украина

Руски пилот осуден на 12 години затвор за предавство и финансирање на украинската војска

(ВИДЕО) Хаос во Русија, полицијата мораше да пука, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Русија регрутираше 210.000 војници – наредено е создавање „тампон зона“

Горан Наумовски