Базенот во Струга останува само предизборно ветување

Од:

Стружани за нов базен ќе треба уште да чекаат. До кога, никој не знае. Засега нема ништо од неколкугодишните најави дека ќе се реновира руинираниот затворен олимписки базен во Струга или пак дека ќе се изгради сосема нов, проект кој е дел од програмата на владеачката партија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Попоски за А1 не знаеше да каже кога струшкиот базен ќе стане реалност

„Навистина не можам да ви кажам ништо повеќе. Се работи за огромна инвестиција. Тој базен што е таму тешко дека ќе може да се реализира. Тој е влезен во програмата на владата на Македонија, но знаеме каква е актуелната состојба. Засега ќе ги правиме само базените во Охрид и Крушево. За Струга штом се подобрат условите или пак ако најдеме приватен партнер кој би нашол интерес. До крајот на годината нема да има ништо конкретно“, рече Попоски

„Во денешни услови поефтино е да се изгради нов базен, отколку да се санира и реновира стариот базен. Реално санацијата на постоечкиот базен би чинела како да се изгради нов“, рече Попоски

Затворениот базен во Струга наместо пливачи сега го користат локалните наркозависиници. Реконструкцијата и модернизацијата на затворениот пливачки базен во Струга се најавуваше како една од поголемите инвестиции кои Владата на Република Македонија требаше да ги реализира во општина Струга. Според првичните проценки реконструкцијата би чинела околу 1 милион евра.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага