Баздникин: Руската надворешна политика се стреми на меѓусебно почитување помеѓу државите и немешање во внатрешните односи

Од:

Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација, истакна амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин при денешната традиционална комеморација на прилепските Германски гробишта по повод 1 август, денот на сеќавањето за загинатите руски војници од Првата светска војна.

Баздникин рече дека денешната руска надворешна политика има карактеристика на немешање во меѓусебните внатрешни работи на земјите.

–Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација. Во 1914 година, Русија вложуваше секој можен напор за да се избегне крвопролевањето во Европа, но беше принудена да одговори на предизвикот, штитејќи го братскиот словенски народ. Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите врз основа на еднаквост и заемно почитување, немешање во меѓусебните внатрешни работи е карактерна особина и на денешната руска надворешна политика. Убеден сум дека ваквите настани, како што е овој денес, придонесуваат за проширување и зајакнување на билатералните меѓучовечки врски меѓу нашите држави, служат како добар пример за грижливо и внимателно однесување кон војнички меморијали, за што особена благодарност им упатуваме на градоначалникот на општина Прилеп и нејзините жители, рече Баздникин.

На македонско тло во текот на Првата светска војна загинале над 4.200 руски војници и офицери и сѐ уште Амабасадата работи на идентификување на нивните гробови.

–Повеќе од 4.200 војници и офицери на 2-та и 4-та специјална бригада на руската императорска армија, исполнувајќи го својот сојузнички долг во состав на Источната армија на Антанта, ги положиле своите животи на македонско тло. Како и многуте нивни браќа по оружје, тие не се штеделе себеси на боиштата, покажале пример на лична смелост, храброст, хероизам – карактеристики по кои низ вековите е познат рускиот војник. За жал, сè уште не ги знаеме сите нивни имиња. Амбасадата продолжува да работи на идентификување на гробовите на руските војници, вклучително и овде, во Прилепско, каде што во 1916-1917 година се воделе жестоки битки. Благодарни сме за помошта од страна на волонтерите, на локалните власти, колегите од амбасадите на други земји. Очекуваме на продолжување на оваа соработка, на која нѐ обврзува долгот пред нашите претци, рече во обраќањето амбасадорот Баздникин.

На денешната комеморација на Германските гробишта во Прилеп имаше панихида, а пред споменикот на загинатите руски војници од Првата светска војна се поклонија и положија свежи цвеќиња од Амасадата на чело со амбасадорот Баздникин, претставници од Македонско-руското друштво на пријателство и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија