Баздникин: Придонесот на руската емиграција во Македонија не може да се потцени

Од:

Не може да се потцени улогата што ја одигра руската емиграција во најразлични сфери на јавниот, научниот и културниот живот во Македонија. Првото музичко училиште, првата оперска претстава, првиот природо-научен музеј, учеството во основањето на првата високообразовна институција, формирањето на првите архитектонски школи, обновувањето на монаштвото… Но, тоа не е се што Русите му дадоа на својот втор дом, што се најдоа по волја на судбината во Македонија. Малку Македонци знаат за тоа, но за жал и во Русија за тоа имаат уште помала претстава.

Ова го истакна рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во своето воведно обраќање на Меѓународната научно-практична конференција „Русите на Балканот“, организирана од Здружението на руски сонародници „Чајка“ во Македонијасо финансиска поддршка на Фондот на на народна дипломатија „Горчаков“ од Русија.

– Сепак, руската дијаспора во Македонија не е само славно минато. Денес овде во земјата живеат неколку илјади наши сонародници и потомци на руски доселеници, кои преку своите здруженија имаат активна општествена дејност насочена кон зближување на рускиот и македонскиот народ. Се надевам дека оваа конференција ќе придонесе кон зацврстување на хуманитарните врски меѓу нашите братски земји, рече амбасадорот Баздникин.

На дводневната конференција ќе стане збор за руската емиграција, особено за белогардиската заедница во Македонија и на Балканот, а учество ќе земат историчари, научници и претставници на руската дијаспора од земјава и од Бугарија, БиХ, Грција, Србија, Словенија, Словачка, Унгарија, Хрватска и Црна Гора. На форумот ќе бидат презентирани резултати од истражувањето за Руската бела емиграција на Балканот, ќе се направи увид во собирањето документарен материјал во врска со руската емиграција, како и да се разгледа можноста од создавање електронски меморијал на руски емигранти од првиот бран на Балканот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција