А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Баша: Усвојувањето на уставните измени историски чекор за консолидација на регионот

by А1он11/01/2019 - 21:22293
Share0

Лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и оцени дека овој чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот.

Добивај вести на вибер

-Го поздравувам изгласањето за уставните измени од Парламентот на Северна Македонија. Овој чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот како дел од евроатлантското семејство кој го зајакнува мирот, безбедноста и демократските вредности, напиша Баша на Твитер.

На изгласувањето на уставните измени реагираше и поранешниот шеф на албанската дипломатија Тритан Шеху.

На социјалната мрежа Фејсбук, Шеху напиша дека Северна Македонија сега во НАТО е многу поблиску до Европската унија и Западот.

Меѓу другото, Шеху високо го оцени придонесот на албанските партии во Македонија.

-Најдобри желби за Северна Македонија.Северна Македонија сега во НАТО и многу поблиску до Европската унија и Западот. Ова е големо достигнување, надминување на тешкотиите и големи пречки, создадени од внатре и надвор од земјата, од оние кои сакаа да ја втурнат кон Истокот. И на овој пат на успехот, клучна движечка сила беше албанскиот политички фактор. Сега верувам дека работите можат да бидат подобри за оваа земја и за нашиот регион-пишува Шеху.

Претходно изгласувањето на уставните измени ги поздрав шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати,кој меѓу друго оцени дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

basaustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 11:5426/03/2026 - 12:48

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 14:07

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:24

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Горан Наумовски05/12/2025 - 09:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто