Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Од:

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат од неговиот кабинет. Се очекува во текот на денот тој да го достави барањето до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која според деловникот е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Галена Николовска-Ризвановиќ 

 

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Левица: По иницијатива на Левица Антикорупциска го казни Таљат Џафери

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски