А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Барања за субвенции за млеко и за несилки до 5 ноември

by А1он06/10/2016 - 16:34110
Share0

  На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Добивај вести на вибер

Агенцијата ги потсетува млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

– До 5 ноември 2016 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца, соопшти АФПЗРР.

Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата, како и потребната документација може да се поднине во Агенцијата или да се преземе од веб страницата: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“, „Обрасци“.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен