Баран со потерница, познат криминалец, пукање среде бел ден во трговски – кој сака да го убие Раде Штекли

Од:

Пукотници и криминални пресметки среде бел ден и тоа во фреквентен трговски центар ја загрижува јавноста. Посебно што и двете пукања се поврзани со едно лице, односно мета бил Раде Трајковски – Штекли – познат во криминалните кругови во Скопје.

Иако поврзан со неколку кривични дела, одлежал затворски казни, а беше и бегалец баран со меѓународна потерница и тоа и од Македонија, но и од Италија, сега како слободен човек шета низ главниот град и е мета на очигледна криминална пресметка, за која ниту МВР ниту јавноста се уште не знае со која позадина и кој се обидува да го ликвидира.

Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, благодарејќи на блиндираното возило со кое се превезувал не беше повреден. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Но во вчерашниот напад погоден бил со четири куршуми, а со околу шест неговиот придружник. На снимката од моментот на пукањето, која А1он ја објави екслузивно, се гледа како лице облечено во бел дуксер, се приближува кон ескалаторите, и во моментот кога двајцата веќе се симнуваат по ескалаторот почнува да пука. Потоа продолжува да бега.

Ликвидацијата на Штекли била добро планирана. Од видеото се гледа дека врз нив е пукано од зад грб додека од теретаната на молот низ подвижните скали се упатувале кон паркингот. Лицето кое пука пополека се доближува до ескалаторот, погледнува па пука. Не повредува ниту еден друг, иако во моментот има сведоци.

Загрижува фактот што од снимките може да се види дека само секунда пред пукањето девојчиња минуваат покрај жртвите и убиецот, а во моментот на самото пукање веднаш до убиецот минуваат момчиња кој видно се исплашија од истрелите.

Нема снимки ниту информација дали на самиот ескалатор во моментот на пукањето се движеле и сличајни минувачи, но за среќа нема информации дека настрадале други лица.

Според пишувањата на социјалните мрежи вчерашниот напад врз членот на скопското подземје Раде Трајковски – Штекли, пред само неколку денови било најавено на социјалната мрежа Тик Ток.

„Раде знам дека се плашиш многу, ама што да правиш, живот, тоа е. Господ на кој како му пишал, ама ние тебе ќе ти пишеме“ стои во видео објавата на извесен корисник Gjakugjak на социјалната мрежа Тик Ток.

Летово, на сличен начин преку Тик Ток беа најавувани и други напади и ликвидации.

Кој е Раде Трајковски – Штекли

Тој е познат во криминалните кругови во Скопје. дел е од т.н Барон криминална група од Чаир. Името го добила по кафуле во Чаир, а во неа се вели дека воглавно се наоѓаат повратници од боиштата од Сирија и Ирак. За Барон се вели дека е релативно нова криминална група која си го бара своето место по мафијашките пресметки и обезглавувањето на довчера моќните криминални групи, по убиствата во Шиша бар, криминалните босови во Грција и Косово. За сите овие пресметки се велеше дека се меѓу долгогодишните ривали Беланоца и Грчец.

За Барон групата се вели дека има одредени релации со групата од Грчец. По последното пукање во август во Ист гејт возилото беше најдено запалено токму на територијата на групата од Грчец односно кај езерото Треска.

Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли се најде во македонските медиуми кои го поврзуваа со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев кое се случи во 2017 година кај „Ред кафе“ на улицата Владимир Комаров, во скопската населба Аеродром.  Осомничен и обвинет за ова убиство беше Филип Секуловски- Кобра, но сепак, кога се случи убиството Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, бидејќи убиецот Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал токму со Штекли. Беше предмет и на истрагата за убиството, но не беа најдени докази и тој не беше обвинет.

Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од Белград, додека во тој момент во македонските судови беше осуден за напад и доби шест месеци затвор. По него беше распишана и меѓународна потерница. .

Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка Трајковски и уште едно лице, по расправија, нападнале скопјанец со тупаници, го изнеле на сила од кафе-барот и на плочникот го удирале во пределот на главата и телото се додека не паднал во бессознание, добил потрес на мозокот, повреди на главата и телото, скршеници на носот и по целото тело.

Во судскиот регистер може да се најдат уште две пресуди поврзани со името на Штекли. Едната е донесена во 2018 година, кога Трајковски бил во бегство. Тој во отсуство е осуден на две години затвор, исто така за напад сличен на претходниот.

Иако Штекли во Белград беше уапсен во 2021 година, во Македонија беше екстрадиран во февруари 2022 година и беше пренесен во истражниот затвор во Шутка на издржување на затворската казна. Сепак, минатата година на Трајковски му се судело повторно откако бил екстрадиран, признал вина за тоа дело и е осуден на условна казна.

Штекли беше уапсен и во Атина (Грција) во 2011-та но по барање и потерница од Италија, каде беше осомничен за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење. Трајковски и Христијан Илиевски се двајцата македонски државјани вмешани во мегаскандалот со наместени резултати во италијанската најсилна фудбалска лига – Калчо.

По последниот напад Раде Трајковски-Штекли е во стабилна состојба на Клиниката за торакална хирургија. Според информациите извршена му е операција, извадено му е левото белодробрно крило, а се наоѓа на интензивна нега. Тој е стабилен и контактибилен, а неговиот придружник чиј идентитет во јавноста се уште не се открива е во потешка состојба.

Некои од медиумите пишуваат дека во моментот на нападот Штекли носел панцир.

Би можело да ве интересира

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“, трговскиот бил привремено евакуиран

Горан Наумовски

Ист Гејт Мол по пожарот продолжи со работа, делот за брза храна затворен за посетители

Локализиран пожарот во Ист Гејт Мол

Катерина Ѓуровски

Пожар во Ист Гејт Мол, се запалил вентилациски канал кај рестораните

Катерина Ѓуровски

Се запали возило во трговскиот центар Ист Гејт Мол, пожарот изгаснат

Штекли се пофали со раните од куршуми, напиша „Бог ги сака храбрите“ – напаѓачите се уште не се најдени

Анита Петровска Рајковиќ