• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Барајте корекција ако ви стигне преголема или премала сметка за струја, ЕВН не постигнува да ги прочита сите броила

by Маја Илиевска-Пачемска17/12/2019 - 13:4919/12/2019 - 13:336940
Share0

Голем дел од корисниците на ЕВН последниве неколку месеци се жалат на огромни разлики во сметките за струја во однос со потрошеното. Велат дека ако еден месец сметката им е огромна, веќе следниот ЕВН ја порамнува па добиваат сметка како да користеле само светилки. Дел од нив побарале објаснување од инкасаторите кои им кажале дека не можат да постигнат да ги читаат броилата секој месец, оти нема доволно инкасатори туку ги читаат секој втор месец па од тука разликата во сметките. Се пожалиле дека многу нивни колеги биле избркани од работа, а ЕВН не го надоместиле кусокот вработени.

Добивај вести на вибер

Од ЕВН не кажуваат дали имаат недостиг од инкасатори или отчитувачи, како што ги нарекуваат вработените кои ги читаат броилата, но повикуваат сите корисници кои сметаат дека добиле нереална сметка за струја во однос на потрошеното да побараат корекција.

„Корисниците кои сметаат дека добиле фактури за електрична енергија со повисока сума од нивната потрошувачка, може да ја споредат потрошувачката во киловат часови наведена на фактурата со потрошувачката во киловат-часови на броилото. Доколку има разлика во киловат-часовите, корисниците може да се обратат до службите на Електродистрибуција со барање за корекција или да пријават состојба во центарот за односи со корисниците. Во секој случај, Електродистрибуција нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го има потрошено. Ако корисникот нема отчитано броило и добие сметка со претпоставени вредности во кои има повеќе или помалку киловат-часови, тие во следната сметка ќе бидат впишани или одземeни“, велат од ЕВН за „А1он“.

Од компанијата тврдат дека и покрај тоа што во Законот за енергетика и во мрежните правила и правилата за снабдување со електрична енергија е пропишано отчитувањето на броилата да се извршува еднаш годишно, екипите на Електродистрибуција тоа го правеле секој месец.

Врз основа на податоците за потрошувачка кои се добиваат при отчитување на броилата, нагласуваат од ЕВН, секој месец се изготвува фактура за секој корисник поединечно. Отстапки од овој принцип на работа имале во случаи кога не постои можност за отчитување на броилото поради тоа што корисникот е отсутен, поради спречување на екипите од страна на корисникот, поради непристапност до мерното место поради тешките временски услови, отстапки се прават во регионите коишто се далечни и тешко пристапни во одредени периоди од годината, поради годишни одмори и слично.

Од ЕВН не одговорија на прашањето дали поради ненавременото читање на броилата корисниците можат да очекуваат измени и во правилата за исклучување на струјата со две неплатени сметки.

broilaevnsmetkistruja

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:4124/12/2025 - 11:41

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски23/12/2025 - 15:53

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Горан Наумовски28/11/2025 - 11:25

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски26/11/2025 - 12:2026/11/2025 - 12:21

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Катерина Ѓуровски30/10/2025 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен