Бараа спровод на Мијалков на 12, а не на 22 декември, дециден е директорот на струшкиот затвор и грешката ја лоцира кај судијата

Од:

Обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од струшкиот затвор на рочиштето за „Титаник 2“ бидејќи судот издал наредба за спровод на 12 декември, а не за 22 декември. Ова за „А1он“ го тврди директорот Ваљон Ќуља, прв човек во затворот во Струга. Тој е дециден дека грешката е во Кривичниот суд, односно судијата Огнен Ставрев, кој ја издава наредбата. Од Кривичниот суд тврдат дека нема грешка, а наредбата која ја издале е за денешното рочиште.

„Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено и потоа на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година.Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка“, вели директорот на затворот за „А1он“

„А1он“ се обрати до Кривичен суд за потврда на тоа дали е точна информацијата дека грешката е направена од страна на судијата Огнен Ставрев. Оттаму, посочуваат дека е побаран спровод, за 22 декември.

„На денешната главна расправа, судечиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа“, велат од Кривичен суд.

Директорот на струшкиот затвор е дециден дека Мијалков ја издржува казната во установата и дека го почитува куќниот ред на затворот. „А1он“ побара став и од Управата за извршување санкции, дали ако се погледнат видео записите од надзорните камери на затворот, ќе може да се воочи и присуството на Мијалков. Оттаму, до моментот на објавување – нема одговор.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов