Денеска во Кривичниот суд во Скопје се одржа судски процес против Гордана Филиповиќ која лани со своето возило го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски. Несреќата се случи пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.
Обвинетата Филиповиќ е обвинета за за тешки дела во сообраќајот, со смртен исход, за што таа денеска рече дека не се чувствува виновна. Таа и нејзината одбрана бараат преквалификување на делото, за тоа да се третира како чин на небрежност.
Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.