Банкарски службеник од Тетово украл 10.000 евра од туѓа сметка

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, против М.М.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Р.И.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „непријавување кривично дело или сторител“.

На 19.11.2021 првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање на полномошно со кое второпријавениот бил внесен како овластено лице кое може да располага со финансиските средства од сметката на оштетеното лице. Истиот ден (19.11.2021), првопријавениот од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер од 622.559 денари на сметка на второпријавениот во друга банка, кои второпријавениот подоцна ги префрлил на сметка на третопријавениот.

Второпријавениот, на 22.11.2021 на шалтер во банката, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер на финансиски средства во износ од 615.220 денари на сметката на третопријавениот.

Третопријавениот, и покрај тоа што знаел за ваквите криминални активности, ги ставил на располагање своите лични податоци, вклучувајќи ги и своите трансакциски сметки отворени во неколку банки, и не го пријавил случајот во надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас