Балканска пропаганда преку фотографиите со Барак и Мишел Обама

Од:

Една протоколарна фотографија со американскиот претседател и неговата сопруга, Барак и Мишел Обама балканските лидери и одредени медиуми ја направија главна вест во земјите од регионот.

Иако се работи за вообичаен протокол за кој сите чекаа во ред, лидерите од земјите на Балканот кои се сликаа со американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама која го организираше приемот во Њујорк, побрзаа да ги објават во своите земји фотографиите како дел од сопствената пропаганда.

Фотографијата на македонскиот премиер Никола Груевски и сопругата Боркица со Барак и Мишел Обама се појави во повеќе медиуми, а протоколарната фотографија овде дури беше зачинета и со констатација на одредени медиуми  дека Боркица и Мишел имале исти чевли, што требаше да укаже на блискоста на македонскиот и американскиот брачен пар.

Предимензионирање на протоколарните средби секогаш е честа појава во земјава, а се уште е актуелна изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов кој како успех го прикажа намигнувањето на американскиот претседател Обама на молитвениот појадок во Белата куќа.

Сите фотографии, како и таа на македонскиот премиер и неговата сопруга со Барак и Мишел Обама се идентични, а одредени медиумите фотографиите ги објавуваа на насловните страни или како ударна вест во информативните програми.

382409_nikolic-01_ff

Речиси во сите земји од регионот приказната беше иста. Фотографијата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ и неговата сопруга Драгица со брачниот пар Обама беше објавена во „Политика“.

На насловната страна на подгоричка „Победа“ објавена е фотографијата на која се премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија заедно со брачниот пар Обама.

382900_djukanovic-obama_ff

Со првата дама на САД и претседателот Обама се фотографираа и претседателите на Хрватска и Словенија, Иво Јосиповиќ и Борут Пахор.

382901_obama-pahor_f

Единствено фтографија не се појави во медиумите на претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, но имаше фотографија на неговата сопруга Сабина со Мишел Обама.

382898_misel-obama-sabina-komsic-afp_ff

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски