„Балкан Петролеум“ не дал гаранции, КХВ молчи

Од:

Нема банкарска гаранција од Балкан петролеум за преземањето на Макпетрол, дознава Телма.

Петар Стојановски, македонскиот претставник на фирмата основана пред 40 дена во Лондон во понеделникот тврдеше дека гаранцијата е издадена од швајцарската УБС банка. Комисијата за хартии од вредност засега молчи, се уште не се изјаснува дали проспектот за преземање на Макпетрол доставен до нив е комплетен и со валидна банкарска гаранција и кој всушност стои зад обидот за преземање.

Фирмата Балкан Петролеум холдинг лимитед е фирмата која ја достави понудата, нејзин сопственик е фирма формирана во мај на Кипар, а сопственици на кипарската компанија со основачки влог од по 500-тини евра се две компании регистрирани на Британските девствени острови, позната карипска оф-шор дестинација. Експертите оценуваат дека и комисијата за хартии од вредност но и финансиското разузнавање треба да откријат кој е вистинскиот понудувач и дали во Македонија ќе се користат легални пари или пари стекнати со криминал.

-Доколку станува збор за одредена фирма која во друга земја влегла во одредени криминални дејанија, во одредени противзаконски дејанија, доколку за таа фирма се водат некакви постапки, управата е должна да го блокира тој процес на преземање на Макпетрол, бидејќи може да дојде до сериозни последици за македонската економија, вели Ване Цветанов.

– Тоа апсолутно не значи дека регулаторот на треба малку подлабински да навлезе во суштината на самиот понудувач. Треба да се бара одговор на прашањата кој стои за него, дали дејствува самостојно или заеднички со други поврзани лица. Ако е некоја ново формирана компанија, како што мислам дека е случајот сега, кои се основачите, дали тие се поврзани со некои други лица, која е тука природата на поврзаноста, изјави Марко Андонов, универзитетски професор.

За УБС банката од Швајцарија која Балкан петролеум ја посочува како носител на банкарската гаранција се води истрага за перење на пари и за даночно затајување во Белгија, Франција и во САД.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство