Бакрачески ветува олимписки базен во Охрид

Од:

Кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, вети изградба на објекти кои ќе му дадат препознатлива димензија на Охрид и ќе го направат град во вистинска туристичка, рекреативна и спортска смисла.

– Во насока на развојот на спортот, веднаш после моето доаѓање на функцијата градоначалник, како прв најзначен проект ќе биде изградба на долгоочекуваниот затворен олимписки базен. Објект според сите стандарди, меѓународни олимписки норми, објект што ќе ги реинкарнира спортовите по кои Охрид беше препознатлив, а тоа се пливањето и ватерполото, рече Бакрачески на денешната прес-конференција, појаснувајќи дека базенот ќе биде изграден во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“, со средства обезбедени од буџетот на Рпеублика Македонија.

Истакна дека во неговата програма со средства од општинскиот буџет предвидена е изградба и на повеќенаменско спортско игралиште во селото Лескоец, двојно тениско игралиште во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“, двете со вредност од 11 милиони денари, како и спортски игралишта за фудбал и одбојка на песок во населбите Воска и Далјан.

Бакрачески денеска уште еднаш нагласи дека манипулации, шпекулации, инсинуации, подметнувања и лажни обвинувања, се страни термини за него кои нема намера ниту да ги коментира, уште помалку да ги практикува, како во минатото така и во текот на предизборна кампања.

– Моја обврска е споделба на позитивни вредности, а тоа се оние вистини кои и во минатото биле носители на тивкиот прогрес низ историјата на Охрид – искреноста, напорната работа, чесноста и фер-играта, толеранцијата и љубопитноста, лојалноста и љубовта кон Охрид, рече Бакрачески.

Во коментар на новинарското прашање во врска со обвинувањата од страна на неговиот противкандидат од редовите на СДСМ за наводно препишана програма за изборите, Бакрачески само истакна дека за да се препише нешто или да се направи копија мора да постои оригинал, за кој рече дека никој досега не го видел.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски