Бакрачески: Училиштата имаа натрупани долгови за електрична енергија и нафта

Од:

Финансиската состојба на сите училишта во општина Охрид е речиси иста, имаат натрупани долгови за електрична енергија и нафта, информира градоначалникот Никола Бакрачески.

По денешната посета на основното училиште „Христо Узунов“, тој најави дека Секторот за образование на општина Охрид прави анализи за моменталната финансиска состојба со охридските училишта.

– Најчесто училиштата, меѓу кои и „Христо Узунов“, должат за неисплатена струја и нафта. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе имаме средства од Светска банка за реконструкција на поголем број училишта во Охрид. Во тој проект планираме да влезе и училиштето „Христо Узунов“. Се надевам дека ќе имаме доволно време до почетокот на наредната учебна година, да се сретнеме со директорите на училиштата, да направиме адекватна стратегија и да почнат училиштата редовно да ги исплаќаат долговите, рече Бакрачески.

Општината, додаде тој, има изработено долгорочна програма, со која ќе им помага на училиштата да излезат од проблемите со долговите и финансиските потешкотии. Ќе се применува стратегијата план на сервисирање на долговите, за што се надева дека барем со почетокот на наредната учебна година, училиштата ќе ги надминат проблемите и ќе почнат редовно да ги исплаќаат обврските кон доверителите.

Тој најави дека од следната учебна година, ќе бидат преземени зафати за реконструкција и санација на дел од училиштето. Предизвикот на работењето и доброто менаџирање е неисцрпна тема за секое едно училиште и менаџерскиот тим, посочи директорот на училиштето „Христо Узунов“ Тони Симоновски.

Ова училиште, нагласи, опфаќа голем реон и опслужува околу 1.300 ученици и оти реконструкција и санација е повеќе од потребна.

Најголем проблем е промената на прозорците и вратите на нашето училиште. Тоа ни создава дополнителни трошоци во грејната сезона, поради бегањето на топлината. Потребно ни е зголемување на енергетската ефикасност. Потоа, покривот, кој се уште е со азбестни табли, треба да се промени во иднина. Училиштето со секоја нова учебна година си има нови обврски и потреба по нешто да се реконструира, појасни Симоновски.

Долговите за електрична енергија, нагласи директорот, училиштето ги исплатило со помош на Локалната самоуправа, додека долговите за нафта, се движат и до неколку милиони денари.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид