Бакрачески, Села и Шкамби го отворија Охридскиот велосипедски маратон

Од:

Градоначалниците на Охрид, Струга и Подградец, Никола Бакрачески, Зијадин Села и Артан Шкамби симболично го означија почетокот на велосипедскиот маратон околу Охридското езеро, од Охрид преку Струга и Лин до Подградец на албанска страна и назад преку Свети Наум до Охрид, на кој учествуваа повеќе од 100 рекративци но и професионални велосипедисти.

Со него беше одбележан Денот на Охридското езеро манифестација која оваа година се одбележува по 13–ти пат.

Потребата за поголема заштита на езерото, доизградба на колектроскиот систем и од двете страни на границата, како и пуштањето во употреба на Бродската линија Охрид-Подградец остануваат прашања кои и по 13 години од воспоставувањето на овој ден се уште не се решени и треба да бидат приоритет и на двете држави и трите локални самоуправи.

Она што остана како забелешка е доцнењето на маратонот за повеќе од половина час, и потребата Денот на езерото да се одбечежува на сосема поинаков начин, со прошетка по езерото со брод од Охрид до Подградец со што би се сменил .

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид