Бакрачески: Прокетот на Субрата Рој во Охрид ќе се реализира

Од:

Проектот за изградба на хотелско туристички комплекс во Љубаништа на Индијецот Субрата Рој ќе се реализира изјави Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Според него сите проекти кои биле најавени за време на изборната кампања ќе се реализираат. Бакрачески за А1он кажа дека минатата недела се сретнал со преставници на индиската компанија Сахаријан Македонија на која биле договарани детали за проектот.

„Во текот на минатата недела во проширен состав имавме состанок во кабинетот на министерот за транспорт и врски на што состанок беа присутни и претставници на Архитектонската компанија Аткинсон од Лондон која е една од најреномираните во светот и која ќе биде задолжена за проектот за туристичкиот комплекс Љубаништа. Беа присутни и претставници на Сахаријан Македонија од Индија, претставници од Министерството за транспорт и врски и од Агенцијата за просторно планирање, министерствата за култура и екологија, Македонски шуми, Националниот парк Галичица“ рече Бакрачески.

На тој состанок на широко се разговарале сите аспекти околу отпочнувањето со реализација на проектот рече Бакрачески.

„Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија“ вели Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство