Бакрачески најави воведување ред во поставувањето урбана опрема во Охрид

Од:

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска најави воведување ред кога станува збор за поставувањето урбана опрема низ градот, нагласувајќи дека ќе бидат остранети сите дивопоставени тезги низ градот.

– Јавно на граѓаните на Охрид им гарантирам дека тезги на секој чекор низ градот повеќе нема да има. Она што можеше да се види изминатите години во централното градско подрачје не наликуваше воопшто на место што претендира да биде позната туристичка дестинација, рече Бакрачески.

Тој појасни дека веќе на денешната седница на Советот на општина Охрид на дневен ред е ставена точка за Програмата за поставување урбана опрема, а се очекува по формирањето на комисиите да биде донесена во најкус можен рок, односно веќе за два дена да стапат на сила новите одредби за урбаната опрема.

– Поставувањето на тезгите ќе се спроведува согласно таа програма. Постои план каде ќе биде дозволено поставување тезги и притоа нема да бидат дозволени отстапувања, нагласи градоначалникот на Охрид.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките