Бакиу: На Сарај му треба градоначалник кој ќе направи промена

Од:

Алијансата за Албанците и Беса, по договорот за соработка во вториот круг од локалните избори, денеска имаа заедничка средба со граѓаните на Сарај.

Кандидатот на Беса за градоначалник на Сарај, Башким Бакиу и кандидатот на Алијанса, Екрем Алија, кој не велезе во вториот изборен круг, ги повикаа граѓаните да им дадат поддршка на гласањето на 29 октомври.

– На општината Сарај и треба градоначалник кој знае како да направи промена, кој носи надеж и ќе ги обедини граѓаните, рече Бакиу.

Истакна дека Сарај нема да биде на ниту една партија, ниту на БЕСА, ниту на Алијансата за Албанците, туку на сите граѓани.

– Општината треба да биде на сите граѓани, сите кои живеат тука треба да ги уживаат благодетите, а не некоја група или личност да ја користи општината за лични интереси. Ви ветувам дека општината ќе биде на сите граѓани кои живеат во Сарај. Нашите врати ќе бидат отворени за сите, и за оние кои имаат проблем и бараат решение и за оние кои сакаат да не пофалат за сработеното, истакна Бакиу.

Вети подобро образование во Сарај, борбата против непотизмот и политизацијата на училиштата, како и економски развој и странски инвестициие во општината.

Противкандидат на Башким Бакиу ва вториот изборен круг е Блерим Беџети од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори