(ВИДЕО) Бајрамовска: Во кумановскиот затвор со години нема вода

Од:

Васка Бајрамовска, заменик народниот правобранител истакна дека во казнено поправната установа во Куманово со години има недостиг на вода поради што осудените и притворените во секоја просторија чуваат вода во пластични шишиња.

Како што кажа заменик народниот правобранител, оваа забелешка е констатирана уште во извештајот од 2014 година, покрај многуте други забелешки кои се однесуваат одземање на основните човекови права на затворениците за кои исто така не се преземаат никакви мерки.

На денешната прес конференција посветена на условите во кои се врши притвор на осудените, Народниот правобранител презентираше извештај во кој е претставена катастрофалната состојба на затворите во Република Македонија, особено на оние во Скопје, Куманово и Струмица.

-Покрај наведеното, при посетата во 2017 година констатиравме повреда на правото на приватност и деградирачка состојба на притворените и на осудените лица, рече Бајрамовска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител