(ВИДЕО) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Од:

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до овој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што беше изнесено во јавноста, лицето кое го поседувал клучот од избирачкото место одбивал да ја отклучи просторијата за гласање.

– Треба првично да се утврди дека лицето не ја отклучил просторијата. Засега до МВР и обвинителството не е пријавен таков настан и доколку се утврди некаква вина секако дека ќе биде покренати потребните активности од наша страна, рече Бајрами.

Обвинителот истакна дека генерално изборите течат во најдобар ред со мали исклучоци.

Досега забележана е една повреда на тајноста на гласањето во Тетово каде гласач го фотографирал ливчето со мобилен телефон. Како што вели Бајрами уредот е одземен и ќе биде извршено вештачење по што ќе има и постапка од страна на обвинителството.

Во општината Чешиново-облешево приведени се неколку лица кои дистрибуирале пропаганден материјал на еден од кандидатите за претседател.

Во текот на денот до обвинителството пријавен е и случај од страна на граѓанин кој во општината Ѓорче Петров забележал комбе со разглас преку кој се повикувало на бојкот на изборите.

-ОЈО Скопје е известено дека на територија на општината Ѓорче Петров има комбе кое кружи и истото преку разглас повикува на бојкот. Дадени се насоки да се излезе на терен и да се утврди идентитетот, но припадниците на МВР не затекнаке такво комбе и немало сведоци кој би ја потврдиле изјавата на лицето кое го пријавило случајот, рече Бајрами.

Од Обвинителството очекуваат во периодот помеѓу двата изборни круга како и самиот ден на гласањето на вториот круг да помине како и досега, мирно и во демократски услови.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица