Бајден го честиташе Илинден на Македонците во САД: Овие настани го трасираа патот на државата која со гордост ја нарекуваме сојузник

Од:

Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во соопштението од синоќа на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД.

Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат на Демократската партија, во честитката по повод Илинден ја нарече нашата земја „пријател и сојузник“.

– Овие настани го трасираа патот за една суверена, плуралистичка и мултиетничка република, длабоко почитуван и ценет член на евроатлантската заедница кој САД со гордост го нарекуваат пријател и сојузник, порача поранешниот потпретседател на САД.

Македонските Американци го имаат зацврстено и збогатено американското општество уште одамна, укажа тој.

– Како пријател на македонските Американци, јас заедно со вас ги славам вашите успеси. Вие сте потсетник дека САД остануваат светилник на надежите, слободите и можностите, истакнува Бајден.

Бајден додаде дека како претседател, со нетрпение очекува да работи со, како што стои во соопштението, вашата заедница за да се постигнат целите за уште помирна, просперитетна евроатлантска иднина на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски