Бачев: Процесот на независност се уште не е завршен

Од:

„Кризниот штаб против референдумот“ составен од политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората денеска пред Порта Македонија ја промовираше референдумската кампања.

Координаторот на Кризниот штаб Драган Угриновски истакна дека со кампањата започнуваат од утре со средби и митинзи во Карбинци, Пробиштип и Штип.

– Во наредните 20 дена ќе го посетиме секое село и град во Македонија и за таа цел е изнајмен специјален автобус кој можете да го видите. Во кампањата ќе поделиме 1 милион флаери. Кампањата ќе ја водиме под слоганот „Македонија бојкотира“, истакна Угриновски.

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев рече дека кампањата ја почнуваат на Денот на независноста бидејќи процесот за независност се уште не е завршен.

– Кампањата на марионетската влада која веќе трае една недела само служи за потсмев. Заев најбезобразно лаже дека малтене на граничниот премин Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само се чека да го смениме името и големи пари ќе нагрнат во Македонија и сите ќе биде среќни и богати. Една голема лага. Ние почнуваме голема битка која не е лесна, но немаме друг пат. Не им било лесно и нашите претци. Можел и Татарчев да не прифати да биде на чело на ВМРО, можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, Делчев, Груев, Александров, можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија. Не може човек да одлучи само кога ќе се роди. Се друго е одлука. А нашата одлука е да се бориме. Во Службата за државна безбедност заведена е линија на работа македонски екстремизам во која не следат, прислушкуваат ни се закнауваат со апсења. Тоа не не плаши, само да не дозволиме духот да ни го скршат. Ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името. Го повикувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски на бојкот и да бидат на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората кои се определија за бојкотирање и неизлегување на референдумот. Ова не е битка на индивидуалци и лидери, не е битка на тука присутните претставници на преку 70 организации, не е битка на Јанко Бачев, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонија, за опстојување на цел еден народ. Македонија ќе победи, влогот е голем, сакаме да им порачаме на тие во Собранието кое е целосно девалвирано како збирштина на криминалци, педери, терористи и странски шпиони дека нема да успеат во походот за уништување на се што е македонско. Тие фрлаат големи пари, имаат подршка од белосветските дипломатски и политички битанги, но, народот ќе победи оти го има најсилниот аргумет: не сакаме членство во НАТО и ЕУ, не сакаме промена на идентитетот и името, сакаме да останеме свои на своето. Сите заедно, старо и младо, машко и женско се креваме да ја одбраниме Татковината, нашата борба е света должност – рече Бачев.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов