„Баба Ванѓа и Нострадамус кажале дека еден човек ќе ја спаси Македонија, вие сте тој“ – коментари на објавата на Груевски

Од:

Лавина реакции под најновата објава на статусот на „Фејсбук“ на избеганиот експремиер, Никола Груевски, во Унгарија. Откако на социјалната мрежа Греувски го објави неговиот најнов статус,тој собра над 700 коментари. Дел однив го поздравуваат потегот на Унгарија да му додели азил на Груевски, додека дел повторно се шеги во врска со неговото бегство.

Граѓани под објавата на Груевски напишаа: „Ќе ве чекаме да поминете триумфално, победнички низ порта Македонија. Поздрав, борбата за македонската кауза не запира“; „Еден и единствен маченик, затоа што ја градеше Македонија. Овие удбашиве само злоба имаат во себе, но сè има крај. Ти си спасителот на Македoнија“; „Поздрав, војводо наша. Биди жив и здрав. Имаш поддршка од сите нас. Вистински човек за Македонија“; „Бог да е со вас Шефе! Ќе издржиш и ти како и ние Македонците против оваа хунта, се гледаме наскоро!“; „Од Унгарија и се очекуваше ваква одлука,бидејки станува збор за правна држава, држава во која се почитуваат законите! Да сте здрав и жив!Борбата за македонската кауза продолжува!“…

Помал дел од коментарите се иронични и со сарказам за азилантскиот статус и бегството на Груевски: „Голема чест е што најбогатиот азилант потекнува од Македонија. Денов ќе го земеме како куќна слава“. „Ова ли е примерот што треба да го следиме ние Македонците? Брука, срам, беда, мизерија…“; „Tи си тој лопов што ја донесе државата, па избега и ги предаде сите твои колеги“; „Гледам имате слободно време па си толку голем текст напишал да средам работа фасадер 5 евра од саат пиши ми знам тешко е и досадно изджи“

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ