Б92: Охрид – ни Билјанa, ни платнoто

Од:

„Луѓето во Охрид се гостољубиви, водата во езерото ја менува бојата во текот на денот, пастрмката се шверцува од Албанија“ – вака Б92 ги опишува предностите на најпознатото македонско туристичко место.

Текстот е исклучително позитивен за убавините на градот и природата, за гостољубивоста на луѓето.

Наспроти изјавите на угостителите и туристичките организации, па и на градоначалникот Бакарчевски, дека цените во Охрид се претерано високи. „Кога ќе кажете Охрид, веднаш помислувате на неговото езеро, многубројните цркви, на прочуените бисери и се разбира на изворите, каде што некогаш, како што кажува песната – Билјана платно белела.

И денес има бисери и плажи на езерото, Охрид е преполн со цркви и манастири, но Билјана и платното останаа во легендите. Наместо со секогаш убавите охридски девојки кои на изворите белеле платно, сега, кај изворот е преполно со туристи и со мештани кои се грижат за своето здравје, затоа што голтка студена изворска вода е мевлем за душата и телото, пишува Б92.

Читателите на порталот на Б92, за разлика од многуте критики кои и оваа година се насочени конј Охрид, се многу задоволни од својот престој во туристичкиот центар.

Според српските граѓани што го коментираат овој текст, Охрид е поевтин од Белград.

– Прекрасно езеро, луѓе фантазија, цени надреално ниски, природа како од бајките… пишува читател.

– Цените се одлични, можеби е малку поевтино отколку во Белград. Има некои места што се скапи, но сопственикот на апартманот, на време ме предупреди да не одам таму. Јас на 10. август добив одлично студио 2+2 во центар за 25 евра…

– Бев на летување во 2009 г. Преубаво место, преубаво езеро, Стариот град фантастичен, бојата на водата како на море. Македонците љубезни, услугата добра, цените тогаш беа ниски, се’ е поевтино отколку во Србија, коментираат читателите на Б92.

Screenshot_14

Screenshot_15

Screenshot_16

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион