Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија

Од:

Политичките случувања со Бугарија не влијаеја врз коморското работење зашто во овие 30 години научивме дека треба да се бавиме со нашите надлежности за кои од политичките односи единствено се важни владеењето на правото и функционирањето на правната држава, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

-Ние немаме никакви проблеми во соработката со бугарските бизнисмени и сакаме инфраструктурно да ги поттикнеме владите на двете држави да работат на поврзување на земјите како со сите останати. На тој план ќе ги интензивираме активностите и преку коморите и на тој начин ќе придонесеме да се зголеми трговската размена, рече Азески во одговор на прашање дали се чувствува некакво влијание од последните случување со Бугарија врз бизнисот и трговската размена, по потпишувањето меморандум за соработка со МАНУ.

Посочи дека се за НАТО и ЕУ но и оти бараат и нови пазар за да обезбедат, како што рече, дисперзија на ризикот.

-Тоа се долготрајни процеси на кои работиме. Што се однесува до соседите во кои ја вклучувам и Бугарија може да кажам дека Договорот од ЦЕФТА не ги даде очекуваните резултати и практично размената со земјите од соседството не е зголемена. Затоа правиме акциски план за наредната година со Бугарската комора да интензивираме некои активности исто како и со Српската, Косовската, Албанската и Грчката комора за да се зголеми размената која веќе десетина години се движи вкупно околу 300 милиони евра со сите соседи, прецизира Азески.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Референдумот е само за лични цели

Катерина Ѓуровски

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска