Авторите на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје се добитници на наградата за архитектонско дело во 2025 година

Од:

Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ – Скопје за православниот храм „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје се добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Победниците синоќа ги прогласи и им ја врачи наградата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Годинава четири објекти пристигнале на конкурсот за наградата. За нив одлучувала Комисија во состав: Методи Хаџи-Андов, Јагода Мицајкова, Анета Христова, Бранислава Ѓорѓевиќ.

Таа им честиташе на добитниците и на нивните ментори и истакна дека доделувањето на наградата е значајно за македонското општество, за македонската архитектура и пошироко.

-Денес повеќе од кога било архитектурата е соочена со сериозни предизвици, климатските промени, одржливиот развој, социјалната еднаквост, технолошките трансформации, вештачката интелигенција. Делата кои ги создаваат македонските архитекти, вклучително и оние што ќе ги наградиме вечерва, сигурна сум дека покажуваат и докажуваат дека со знаење, визија, креативност, посветеност и работа идеите можат да се преточат во дела што оживуваат, нагласи претседателката.

Според претседателката Сиљановска-Давкова, Големата годишна награда за архитектура испраќа порака дека достоинството на архитектонската професија се гради врз креативен и етички идентитет и принцип, професионален интегритет и дигнитет, уметничка смелост и хуманистичка свесност.

– Денешниот настан сакам да биде поттик за сите архитекти да ја разбудат и освестат во себе, но и кај студентите, колегите смислата за просторот, да ја негуваат способноста на соживот со амбиентот и почитта кон него. Да не ја заборават човековата потреба од облагородување и хуманизирање на средината во која живееме. Да го негуваат и да го обликуваат урбаниот идентитет по наша мерка, по мерка на човекот, а не на парите, порача Сиљановска-Давкова, која на добитниците им посака успешна 2026 година со нови градителски подвизи и високи архитектонски достигнувања.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Валентино Константиновски рече дека Големата годишна награда на ААМ е престижно признание за најуспешното реализирано архитектонско дело, кое традиционално се доделува од претседателот на државата. Вторпат доделувањето се случува на Архитектонксиот факултет во Скопје со што се испраќа порака за спој на пракса и теорија, која е од пресудно значење за архитектите.Првпат оваа награда е доделена во 1994 година и се работи за традиција повеќе од 30 години.

Претседателот на Комисијата Методи Хаџи-Андов истакна дека ги разледувале следниве трудови – индивидуална станбена куќа во Бардовци, градинка во Делчево, градинка во населба Пролет во Скопје и православниот храм „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје.

– Наградениот проект е инженерски потфат и храм кој претставува духовна и креативна синтеза на градителските традиционални вредности, но и нов урбан симбол, кој не е агресивен, туку е присутен со тивка доминација, нагласи Хаџи-Андов. Додаде дека црквата е небо на земјата, средиште и основа на нашиот духовен, молитвен и богослужбен живот. Црквата, како што рече, е душа за животот на еден народ.

Наградените одржаа кратка презентација за својот проект и се заблагодарија на отец Партениј од Бигорскиот манастир и нивниот ментор архитект Митко Хаџи Пуља, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

На доделувањето на наградата присуствуваше ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Биљана Ангелова, деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје Анета Христова, универзитетски професори, студенти, гости

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност