(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Од:

Студенти од Студентскиот пленум влегоа на факултетите во склоп на УКИМ.

Тие денеска протестот го започна во 19 часот пред СПУКМ, каде свои обраќања имаа студентите Александра Живковиќ, Ивана Туфегџиќ и Демијан Хаџи Ангелковски.

Пленумците порачаа дека УКИМ е на студентите и дека ќе го вратат во своите раце, а воедно и побараа ректорската управа и ректорот да ги поништат изборите и да се произнесат за вчерашното како што велат, насилство врз студентите од страна на ЕБР, за време на блокадата.

Претходно, Пленумот најави порадикални чекори во наредната академска година. Од МВР, пак, бараат сите полициски службеници коишто се однесувале грубо да бидат најдени од снимките коишто ги поседува МВР и веднаш да се покрене дисциплинска постапка против нив. Во спротивно, велат од Пленумот, тие засебно ќе поднесуваат кривични пријави, против министерот, командирот и секој што ставил потпис за синоќешната акција.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите