Автомобил удри во двајца пешаци во Битола

Од:

Автомобил удри во двајца пешаци на улицата Добривоје Радосавлевиќ во Битола. Едниот од пешаците, како што информираа од МВР се здобил со тешки повреди.

„Синоќа на улицата Добривоје Радосавлевиќ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(28) од Битола, удрило во пешаците В.П.(54) и И.П.(52).

Во несреќата, В.П. се здобил со тешки телесни повреди, а И.П се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Увид извршила полициска екипа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ