Сообраќајна несреќа се случи во центарот на Прилеп, кога автомобил удрил пешак на пешачки премин и избегал.
Според очевидците, се работи за сива „опел астра“, која поминувајќи на црвено, го удрила пешакот кој бил на половина пат да ја премине улицата.
По брзата интервенција на Итната медицинска помош, повредениот е хоспитализиран со скршеница на левата нога.
Прилепската полиција и истражен судија работат на расчистување на случајот.
Извор: Мета