Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Од:

80-годишен австриски државјанин загинал вчера на патот кон Попова Шапка.

Според информациите од МВР, Австриецот управувал возило со австриски регистарски таблички. Излетал од патот и од здобиените повреди починал.

„ Вчера околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган” со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот.“ се вели во соопштението на МВР

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а  увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски