Автобусот на ЕУ во Зрновци

Од:

Патувачкиот автобус на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“, денеска ќе го посети населеното место Зрновци во Општина Кочани.

Целта на оваа информативна кампања, организирана од Делегацијата на ЕУ, е да се воспостави директна комуникација со населението од руралните средини и да се понудат информации поврзани со Унијата и земјите членки. Жителите на десет населени места, кои ќе бидат опфатени со турнејата, ќе имаат можност да постават прашања поврзани со ЕУ, процесот на пристапување кон ЕУ, можностите за финансирање во рамки на ИПА програмата и останатите програми за финансиска помош на ЕУ, преку директна комуникација со членовите на тимот на ЕУ автобусот.

Според програмата, заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјата, во автобусот ќе бидат амбасадори на земји-членки на ЕУ, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.

ЕУ автобусот досега ги посети Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани и Истибања. Инфокампањата завршува утре со посета на општина Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски