Автобусот на ЕУ во Чашка

Од:

Од денеска до 23 мај патувачкиот автобус на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“, ќе посети десет села низ целата земја. Денеска ЕУ автобусот ќе ја посети Чашка.

Заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, во автобусот ќе бидат амбасадори на неколку земји-членки на ЕУ, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.

Целта на оваа информативна кампања, организирана од Делегацијата на ЕУ е да се воспостави директна комуникација со населението од руралните средини и да се понудат информации поврзани со Унија и земјите членки. Жителите на селата ќе имаат можност да постават прашања поврзани со ЕУ, процесот на пристапување кон ЕУ, можностите за финансирање во рамки на ИПА програмата и останатите програми за финансиска помош на ЕУ, преку директна комуникација со членовите на тимот на ЕУ автобусот.

ЕУ автобусот утре ќе го посети Центар Жупа, а во следните денови и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

ЕУ носи голем план за домување, ќе се градат државни станови по прифатливи цени

Предраг Петровиќ

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон менува курс, Европа на маргините на глобалните стратегии

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“