Автобусите од денеска ќе сообраќаат во две смени

Од:

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска продолжуваат да сообраќаат во две смени, од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.

Како што соопштуваат од ЈСП, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Согласно саботниот возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 часот па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02, 7.46, 8.08 (последен наведен термин пред 9 часот), па 12.32 (прв наведен термин од 13 часот), 13.38, 14 ч и 14.22 (последен наведен термин пред 16).

Билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје ќе работат од 7.30 до 14 часот.

Центрите за персонализација се отворени од 7.30 до 14 часот во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП Скопје може да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

-Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции, наведуваат од ЈСП.

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите). Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ