Автобусите на ЈСП – Скопје за Велигденските празници со изменет возен ред

Од:

За врерме на Велигденските празници, ЈСП – Скопје ќе работи по изменет сообраќаен распоред. Автобусите денеска сообраќаат по саботен возен ред, со зголемен број на поаѓање од 6:00 до 9:00 часот и од 13:30 до 17:00 часот.

В петок автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен линиите 11, 32, 47а, 51, 55, 56, 56а, 70, 74, 80а и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред.

Автобусите в сабота ќе сообраќаат по неделен возен ред, а ЈСП-Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓање од 6:00 до 18:00 часот.

В понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од ЈСП-Скопје информираат дека за подетални информации граѓаните ќе можат да се информораат во Диспечерскиот центар на телефонскиот број 3173-224.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост