Автобусите на ЈСП од утре со редуциран возен ред поради коронавирусот

Од:

Претставници од Град Скопје се сретнале со претставници на приватните превозници приклучени во јавниот градски превоз во Скопје, а тема на разговор биле мерките кои траба да се спроведат согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Од Град Скопје информираат дека автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст.

„Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и како една од мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции“, стои во соопштението.

На средбата присутните биле информирани за преземените мерки на ЈСП-Скопје, каде деновиве возилата интензивно се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило, според соопштението, се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он