Автобус на ЈСП удри старец, состојбата му е критична

Од:

Автобус на ЈСП вчера удрил во 85-годишен старец од селото Студеничани, кој поради повредите бил пренесен на Комплексот Клиники „Мајка Тереза“.

– На 17.01.2025 година во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје, управуван од Б.Б.(53) од Скопје удрил во пешакот Љ.Џ. (85) од село Студеничани, скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба, извести МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари