Автобус на ЈСП денеска по 12 часот прегази жена во близина на Бит-пазар. Според информациите на МВР, увидот е сè уште во тек, а, пак, идентитетот и годините на жената – непознати. Од МВР велат дека поради силата на ударот, жената починала на лице место.
„Увидот трае. Првичните информации се дека жената починала на местото на настанот. МВР работи на расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Детали се најавуваат за во текот на денот.