Во Македонија вторпат денеска и утре ќе се одржат „Австриско-македонски денови“ кои ги организира клубот АЛПБАХ Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и Стопанската комора на Република Австрија.
Во рамки на овие денови ќе се одржат два настани. Првиот – „Austrian Career Day“ ќе се одржи денеска во Универзитет на Југоисточна Европа, а вториот е конференција со две панел дискусии: „Youngsters Making a Better Europe” и „From Education to Launching a Career:Transferring Good Entrepreneurial Practices from Austria to Macedonia“ во Скопје.