Австрискиот министер за европски и меѓународни работи Линхарт утре во официјална посета на Скопје

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт.

Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија.

Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од страна на австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата.

Дополнително, како што соопшти МНР, е планирано оддржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.

Би можело да ве интересира

Голема измама во Австрија: Македонец и Романка „олеснија“ постара жена за десетици илјади евра

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Хорор во Австрија – мајка ја прегази својата едногодишна ќерка

А1он

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Верижна сообраќајка кај Грац, повредени се најмалку 29 лица

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект