Австралиските цркви не се договорија со МПЦ

Од:

Решението за проблемите во Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ-ОА најверојатно нема да се постигне бидејќи црковно-народните општини спротивставени на владиката Петар изразија крајно незадоволство од одлуката што ја донел Синодот на денешната седница, пренесе „Дневник“.

Црковниот врв на МПЦ-ОА реши судбината на клучната црква „Св.Петка“ во Сиднеј да биде решена по завршувањето на апелацискиот спор во Австралија во февруари. Зависно од судската одлука ќе биде решено дали црквата ќе влезе во состав на епархијата со која раководи владиката Петар или во состав на новата епархија составена од општините што не го прифаќаат владиката.

Игор Александров, претседател на Заедницата на црковните општини, изјави дека по оваа одлука тие ќе пристапат кон хиротонија на свој владика.

– Синодот станал заложник на насилничкото однесување на владиката Петар, на неговите уцени и на неговите партнери во власта од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија денеска излезе со соопштение во кое беше посочено токму тоа што Синодот денеска го усвои – изјави Александров.

Тој додаде дека за нов владика ќе го хиротонисаат архимандритот Никодим Царкњас, во јануари или во февруари.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски