Аврамов: На гевгеличани треба да им се слушне гласот, не да им се купува тишината

Од:

На средба со граѓаните во Гевгелија, на која присуствуваа претседателот на Левица Димитар Апасиев и пратеникот Сашко Јанчев, беа претставени кандидатите на партијата за претстојните локални избори.

Кандидатот за градоначалник, професорот Тони Аврамов, ја претстави својата визија за Гевгелија како град на луѓе, а не на бетон.

„Сакам да ја видам Гевгелија таква каква што ја сакаат гевгеличани! Секоја инвестиција ќе биде јавно достапна и секој граѓанин ќе може да види каде оди неговиот данок. Да и кажеме стоп на урбаната мафија и да се фокусираме на реално остварливи проекти“, истакна Аврамов.

Тој најави повеќе приоритети – реставрација на старите градби и куќи, споменици на културата, уредување на централното градско подрачје со зелени површини, изградба на Јужен булевар со паркови и зелени зони, решавање на загаденоста и непријатните миризби, како и воспоставување на автобуски линии до населените места и заживување на месните заедници.

„Гевгелија има луѓе со душа, со знаење и со идеи. Само треба да им се даде простор, а не да им се одземе. Треба да им се слушне гласот, а не да им се купува тишината“, порача Аврамов.

Носителот на советничката листа на Левица, Никола Петров, потсети дека ова е трето учество на партијата на локалните избори во Гевгелија.

„На минатите избори во 2021 година за прв пат имавме советник, додека сега очекуваме советничка група. Но не застануваме тука – за прв пат настапуваме и со свој кандидат за градоначалник и уверени сме дека ќе влеземе во вториот круг, па дури и дека имаме реални шанси за победа“, нагласи Петров.

Тој додаде дека поддршката за Левица расте од ден на ден.

„Народот е веќе уморен од 34-годишното владеење на буржоаската класа и нивните политички претставници ДПМНЕ и СДС. Доста му е од тендер партии, корупција, криминал и непотизам. Дојдено е времето за политичка власт на работничката класа, за владеење на народот“, порача Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола