Аврамопулос: Ја поддржуваме евро-атлантската интеграција на Македонија

Од:

Грција се уште ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија, но Владата на земјата треба да заземе конструктивен став за прашањето за името, изјави синоќа во Атина грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Шефот на грчката дипломатија во Атина имаше состанок со амбасадорите на земјите од ЕУ на кој рече дека грчкото претседателство со ЕУ во 2014 година ќе даде нова енергија во процесот на пристапувањето кон Унијата на земјите од Западен Балкан.

Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина, изрази увереност дека Кипар како претседавач со ЕУ е добро подготвен да ја води Унијата кон подобра Европа, и покрај големите предизвици со кои ќе мора да се соочи.

Во врска со одлуката на Турција да ги замрзне односите со ЕУ за време на кипарското претседателство, тој рече дека таквото однесување не е во согласност со земја кандидат за влез во Унијата која има обврска да покаже почит кон институциите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД

Јенс Столтенберг: Никој не може да гарантира дека САД ќе останат во НАТО

А1он