АВМУ: Забрането е емитување ППР со малолетници

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување на првиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори 2020 година, констатирала дека повеќе телевизии, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Од Агенцијата, во денешното соопштение, потсетуваат дека за содржината на платеното политичко рекламирање одговорноста е кај нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, апелираат во соопштението, радиодифузерите веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.

– Радиодифузерите имаат уредничка одговорност за секоја одлука да емитуваат некоја содржина на нивниот програмски сервис. Затоа треба внимателно да ги прегледуваат сите содржини и да одбијат да ги емитуваат оние со коишто се прекршува не само Изборниот законик, туку и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова особено се однесува на посебните забрани од членот 48, во кои спаѓаат и поттикнувањето и ширењето дискриминација, нетрпеливост и омраза врз која било забранета дискриминаторска основа, стои во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола